Цеца ја напушти Србија! Пет дена откако доби внуче, одекна веста за нејзиното заминување (ФОТО)

Музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отпатува во Барселона поради деловни обврски.

Имено, малиот Крстан пристигна во семејството пред пет дена, а членовите на семејството не се одвојуваат од него.

Но, Цеца поради обврските морала да се раздели од својот миленик, а со сестрата Лидија и пријателот Стеван најде време за кратка пауза во луксузен ресторан.

Судејќи по нејзината насмевка, Ражнатовиќ е исклучително задоволна од медитеранската клима и од звуците на морето.