Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Бојан Маричиќ

Од интервјуто на Маричиќ се виде јасно дека СДС лаже и манипулира дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени под бугарски диктат и дека СДС се уште нема одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на состојбите е прифатлив.

Останува сега Маричиќ и Ковачевски да се извинат што отворено ја лажеа јавноста.

Воедно е жална леснотијата со која СДС констатира дека не е реално да се заштитат националните интереси и да се обезбеди интеграција во исто време. Така тие ја признаваат и својата неспособност.