ДАЛИ КОНЕЧНО Е ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК !? Научник објаснува што навистина се случува на ова ‘чудно’ место во океанот: “Иглата на компасот се вртеше како луда!“
Бермудскиот триаголник со години ги фасцинира научниците, а сега еден експерт открива зошто мисли дека таму наводно исчезнуваат бродови и авиони.
Областа лоцирана во северниот дел на Атлантскиот Океан во близина на Бермуди е наводно место на повеќе исчезнувања на бродови и други пловни и летечки објекти, што доведува до приказни за тоа што го предизвикува овој феномен, пишува Daily Star.
Ник Хачингс, истражувач на минерали, во документарниот филм на Channel 5 „The Secret of Bermuda Triangle“ објаснува зошто мисли дека таму, како што навел, почесто исчезнуваат бродови.
„Бермуди во основа е морска планина – тоа е подводен вулкан. Пред 30 милиони години стоел над морското ниво. Сега е еродиран и она што ни остана е врвот на вулканот. Имаме неколку основни примероци кои имаат магнетит во тоа е најмагнетниот природен материјал на земјата“, објаснува Ник Хачингс.
Потоа тој направил експеримент, каде што извлекол парче карпа и го ставил на рамна површина пред компасот да биде преместен над него. Иглата на компасот се вртела бидејќи карпите содржат магнетит.
Ник Хачингс вели: „Можете само да замислите древни морнари како пловат покрај Бермуди. Беше многу збунувачки“. Националната служба за океани на САД во 2010 година напиша: „Океанот отсекогаш бил мистериозно место за луѓето, а кога станува збор за лошо време или лоша навигација, тој може да биде многу смртоносно место“.
„Ова важи за целиот свет. Нема докази дека мистериозните исчезнувања се случуваат почесто во Бермудскиот триаголник отколку во која било друга голема област на океанот“, тврди Ник Хачингс.
Да потсетиме дека извештаите на официјалните агенции покажуваат дека природата и бројот на исчезнувања во оваа област не се разликуваат значително од другите области во океанот. Исто така, треба да се каже дека областа на Бермудскиот триаголник е исклучително популарна и фрекфентна сообраќајна рута и за бродови и за авиони, а во врска со тоа има поголеми шанси бројот на несреќи овде да биде почест.