Дали мажите кои ги изневеруваат сопругите во бракот се каат !? Неверојатни резлутати покажало ова истражување – поради ова, најчесто тие имаат афери на страна: “Дури половина од нив го кажуваат истото!“

Ако се прашувате дали партнерите чувствуваат каење и вина кога изневеруваат, еве го одговорот!

Кога се случува изневерувањето, особено во бракот, се појавува каење, најчесто кога ќе се разоткрие самата афера. Сепак, има и такви кои не се чувствуваат виновни. Интересно социолошко истражување на Универзитетот во Онтарио даде одговори на прашањето – Дали љубовните предавници страдаат од каење ?

Тие испитале околу 2.000 активни корисници на страница за запознавање и дошле до разочарувачки резултати, кои потоа ги објави сајтот Science Daily. Сите испитаници биле средовечни оженети мажи и сите имале афери на страна.

Се испоставува дека никој од нив нема грижа на совест. Воопшто. Повеќето од нив кажале дека искрено ги сакаат своите сопруги, но романсите ги започнуваат на страна од неколку причини. Најчеста од нив е недостатокот на интимност дома. Повеќе од половина (50%) од испитаниците ја избрале оваа причина.

На второ место е емоционалното олеснување и дури потоа потрагата по нешто поинакво. Самопотврдувањето, недостатокот на меѓусебни емоции и редовните „тепачки“ (расправии) со сопругите беа на последно место.

Истражувачите заклучиле дека изневерувањето не е нужно резултат на подлабок проблем во врската. Тие ги доживуваат аферите едноставно како пријатна авантура која им донела и сексуално и емоционално задоволство. Истражувањето било спроведено меѓу измамници, а не случајни оженети мажи.