ДАЛИ МОБИЛНИТЕ ЈА КОЈАТ ТАЈНАТА НА ЗЛОСТОРСТВОТО?! Наскоро одговорот дали Урош Блажиќ имал соучесник за извршувањето на масакрот

Во постапката досега се сослушани 55 сведоци.

Мобилните телефони на Урош Блажиќ , масовниот убиец од Младеновац, како и на неговиот татко, вујко и братот на вујко му, ќе откријат дали некој му помогнал на Блажиќ пред злосторството, дали тој се договарал со некој од нив, но и дали некој од нив набавил и му дал оружје со кое убил девет лица во селата Мало Орашје и Дубон Орашје.

Вишото јавно обвинителство ги чека резултатите од серијата вештачења кои ќе ги откријат сите детали за монструозното злосторство што се случи во селата кај Младеновац. Клучно за истрагата, според информациите, ќе биде прегледот на мобилните телефони на убиецот и неговите машки членови на семејството, како и нивните психијатриски вештачења.

– Телефоните ќе покажат дали Урош Блажиќ разменил пораки со некој од нив кои се поврзани со злосторството, дали договарал убиства, дали некој од нив му помогнал при набавка на оружје – вели извор запознаен со случајот .

Како што додава, во наредните денови треба да пристигне и балистичко вештачење , како и комбинирана балистичка и медицинска експертиза.

-Тие вештачења треба да дадат одговор од која далечина пукал Блажиќ, дали пукал во жртвите додека лежеле ранети – додава изворот.

Инаку, досега во постапката се сослушани 55 сведоци , а во наредниот период треба да бидат сослушани уште неколку. Со нивното сослушување овој дел од истрагата ќе биде завршен, а Обвинителството има рок од уште три месеци, колку што може да трае истрагата, со оглед дека се работи за притворски предмет, да донесе одлука по обвинителниот акт.