Обвинителството со детали за палењето на автомобилот на Груби: Треба да се истражи и непријавувањето на автомобилот

Од Основното јавно обвинителство велат дека веднаш по палењето на возилото на вицепремиерот Артан Груби, јавниот обвинител издал наредби и упатства за расветлување на настанот и прибирање докази. Од таму додаваат дека меѓу преземените дејствија, издадена е и наредба за обезбедување документација за начинот и времето на прием, сопственост и користење на возилото, бидејќи возилото било сопственост на друго лице, а не на вицепремиерот Груби, иако го користел овој.

„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по опожарувањето на автомобилот дал наредби и упатства за расветлување на настанот и прибирање докази. Меѓу преземените дејствија, дадена е наредба да се обезбеди документација за начинот и времето на прием, сопственост и користење на возилото. Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежен орган за евидентирање и следење на богатството на избраните и именуваните лица, како и за проверка на податоците во изјавите за имот. Доколку од контролите се покажат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно законските овластувања.“