Се огласи бугарската полиција за озомничениот за убиството на Вања

Цел Балкан го бара Љупчо Палчевски Палчо кој е осомничен за убиството на 14-годишното девојче Вања од Скопје. Според последните информации, се верува дека побегнал во Бугарија, поради што се огласи и тамошното МВР.

Малата Вања исчезна од својата зграда на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот во селото Бразда. Девојчето наводно била застрелана истиот ден кога била киднапирана.

Полицијата сомничи пет лица, меѓу кои таткото на Вања и споменатиот Палчо, кои според македонската полиција на 30 ноември побегнале во Србија, а оттаму во Бугарија. Но, од Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопштија дека немаат сознанија дека Палчо е на нивна територија.

„Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија“, соопшти Министерството.

Од бугарската полиција соопштија и дека засега немаат информации дека по тоа лице е распишана меѓународна потерница.