ДАЛИ НА АРГЕНТИНА МОЖЕ ДА И БИДЕ ОДЗЕМЕНА СВЕТСКАТА ТИТУЛА !? Се стравува дека поради глупоста на една ѕвезда може Лионел Меси и компанијата да останат без златниот медал

Десет месеци по финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, тогашниот аргентински репрезентативец Алехандро Папуа Гомез добил потврда за позитивен допинг тест, со кој му било забрането да игра фудбал во следните две години.

Алехандро Папуа Гомез (35 г.) летово беше прекомандуван од шпанска Севиља во италијанска Монца, а судејќи по неговите години, лесно е можно со двата настапи сезонава во италијанскиот клуб да ги одиграл последните минути во кариерата.

Како резултат на позитивен допинг тест, на Алехандро Папуа Гомез му се заканува одземање на златниот медал од Светското првенство во Катар, како и победничкиот медал од Лигата на Европа, кој го освои со Севиља. Во тој дискурс се покрена дискусија дали со ваков скандал е загрозен легитимитетот на мундијалот и дали постои сценарио според кое на аргентинската репрезентација може да и биде одземен трофејот.

Одговорот на споменатата можност набрзо го објави Светската антидопинг агенција (ВАДА), а во истиот се наведува дека можна казна за целиот тим е можна само доколку повеќе од двајца репрезентативци биле позитивни на допинг тестот. Така, во случај да се појават уште најмалку двајца аргентински репрезентативци со слични резултати како Алехандро Папуа Гомез, на Лионел Меси и на компанијата ќе им се заканува одземање на титулата. Во спротивно, победничкиот трофеј ќе остане безбедно во рацете на Аргентина.