ЕИТ назначува национален секретар во Северна Македонија

 Во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска ќе биде претставен националниот секретар на на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) во Северна Македонија.

Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), како независно тело на ЕУ, промовира и финансиски поддржува иновации преку партнерства помеѓу компании и истражувачки и високообразовни институции за изнаоѓање решенија за различни проблеми – од климатски промени и одржлива енергија до здрав живот и храна. За поддршка на локалните капацитети за иновации, ЕИТ назначува национален секретар во Северна Македонија, прв пат на Западен Балкан, кој ќе има за цел да ја јакне соработката меѓу бизнис заедницата и образовните и истражувачките организации во различни области.

На настанот ќе се обратат Мартон Херцог – раководител за иновативен екосистем во ЕИТ, Бенс Хуба – директор на Регионалната шема на иновации за ЕИТ урбана мобилност, Џулијан Васало – заменик амбасадор на Делегација на ЕУ во Северна Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски – ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Орце Симов – потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.