Најмалку тројца загинати, над 20 повредени во ракетен напад на Кривиј Риг

Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во руските ракетни напади во текот на ноќта врз украинскиот град Кривиј Риг, кои уништија петкатна станбена зграда, објави гувернерот на украинската област Днепропетровск, Серхи Лисак.

„Се уште има луѓе под урнатините“, напиша Лисак на Телеграм.  
Русија изврши „масовен“ ракетен напад врз централниот украински град во текот на ноќта, при што загинаа и беа повредени луѓе и оштетена цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти рано утрпово.

„Масовен ракетен напад врз Кривиј Риг“, објави претходно Серхи Лисак, гувернерот на регионот Дњепропетровск каде се наоѓа тој град, наведувајќи дека има загинати и ранети.

Во раните утрински часови ширум Украина се огласија сирени за воздушен напад, а воените претставници на Киев соопштија дека силите за воздушна одбрана ги уништиле сите руски ракети насочени кон главниот град на Украина.