СИЛНИОТ ВЕТЕР ДОНЕСЕ МАЛ ДЕЛФИН НА БРЕГОТ – Го спасил случаен минувач

Поради силен ветер и бранови морето фрли млад делфин на плажата Јаз.

Поради брзата реакција на Манет Петричевиќ, делфинот е вратен во морето, објавено е на Фејсбук страницата на Институтот за морска биологија од Котор.

Според достапните информации, можно е да се работи за помлад делфин со пруги (𝑺𝒕𝒆𝒏𝒆𝒍𝒍𝒂 𝒄𝒐𝒆𝒓𝒖𝒍𝒆𝒐𝒂𝒂).

-Веројатно поради времето бил отсечен од мајка си, односно со остатокот од групата и поради бучавата што ја произведуваат брановите не можат да му го слушнат гласот – се нагласува во соопштението.

Институтот за морска биологија на Универзитетот во Црна Гора е во контакт со експерти од Институтот Blue World од Хрватска.

– За жал, во овој момент не може ништо друго освен да се чека и да се надева дека групата ќе го најде – велат од Институтот за морска биологија.