Кратка, но тажна објава на Војаж: Објави емотивна порака за убиеното девојче Вања

Регионот со денови го бараше девојчето Вања Ѓорчевска (14).

По еднонеделна потрага, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотно тело на девојка, како и на 74-годишен маж, чие исчезнување исто така било пријавено на 22 ноември. И двајцата беа убиени. 

Овој случај го потресе цел Балкан, а за трагичниот случај се огласија и бројни музички ѕвезди. Меѓу нив е и младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж.

Војаж на своето стори на Инстаграм објави македонско знаме и скршено срце изразувајќи ја својата тага поради оваа страшна вест.

Да потсетиме, последните информации за овој трагичен настан се дека киднапирањето на Вања Горчевска (14) го организирал нејзиниот татко, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.