Верстапен со триумф во Бахреин ја почна одбрана на титулата

 – Макс Верстапен од Ред Бул попладнево забележа победа во Бахреин на отворањето на новата сезона во шампионатот во Формула 1.

За Холанѓанецот кој е освојувач на последните два титули во Ф-1 ова е 36-та победа во кариерата.

Успехот на Ред Бул го комплетира Серхио Перез кој целта ја мина како второпласиран за еден-два победа на неговиот тим.

Место на победничкиот пиедестал обезбеди и Фернандо Алонсо од Астон Мартин кој на крајот заврши на третата позиција.

Бодови освоија и (4-10.место): Карлос Сајнц (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ленс Строл (Астон Мартин), Џорџ Расел (Мерцедес), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Пјер Гасли (Алпин) и Александер Албон (Вилијамс).

Следната трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Саудиска Арабија од 17 до 19 март.