НЕВИДЕН ШОК ЗА ВРЕМЕ НА ПОГРЕБ – Мајка го оплакувала својот брутално убиен син, а во тој момент ненадејно и заѕвонил телефонот и се случило чудо

Мајка која верувала дека го оплакува својот убиен син во Ла Ентрада, Хондурас, била шокирана кога тој и се јавил за време на молитвата организирана за него.

Семејството со денови верувало дека Осман Адонај Урбина (17 г.) е брутално убиен.

Телото на тинејџерот било пронајдено на 15. октомври во неговиот роден град. Неговото лице било изобличено од повеќе прострелни рани во главата, а неговото семејство го идентификувало врз основа на изгорената лузна на раката. Полицијата потоа го предала телото на семејството кое сакало да го однесе во нивниот дом.

Тогаш се случило незамисливото! За време на молитвата, момчето, кое требало да биде во ковчегот, преку видео повик ја повикал својата мајка Вилма Фуентес.

Се испоставило дека тинејџерот ја напуштил земјата три недели порано и се обидел да замине во САД. Тој, наводно, се јавил на мајка си од границата меѓу Гватемала и Мексико и рекол:

Еве ме на граница! Јас сум жив. Јас не сум мртов“.

После тоа повикале полиција за расветлување на ситуацијата. Се испостави дека телото и припаѓа на исчезнатата Џини Сармиенто (15 г.). Семејството на момчето било информирано и потврдило дека се работи за нивниот син.

Вистина е дека изгледаат слично. Го исчистивме и го оплакувавме телото, но тоа не беше мојот син. Бевме во шок“, изјавила мајката на момчето.

Семејството на една постара жена од Еквадор, да потсетиме, исто така беше шокирано кога неколку часа пред погребот открија дека таа е сè уште жива.

Бела Монтоја (76) од Бабахој била прогласена за мртва, но неколку часа пред погребот, роднините кои сакале да и се пресоблечат забележале дека старицата тешко дише во ковчегот.