ДАЛИ ОВА Е МОТИВОТ ЗА КИДНАПИРАЊЕТО НА МАЛАТА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – Мајката го продала станот, татко и ги дал информации, монструмите сакале да изнудат пари !?

Мотивот за убиството на малата Вања Ѓорчевска биле пари, а деталот што ја тргона јавноста за убиството на 14-годишното девојче е што во случајот бил вмешан и нејзиниот татко.

Според информациите, мајката на Вања го продала станот и парите од таа продажба биле мотив за изнуда, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, изјави Гаврил Бубевски во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Гаврил Бубевски кажа дека девојката била грабната на влезот од зградата.

Таткото на киднапираното и убиеното 14-годишно девојче споделил информации со убијците кога и како Вања Ѓорчевска ќе го напушти домот, за да може организирана петчлена група да изнуди пари од мајката.

Вања Ѓорчевска била киднапирана со автомобил „Citroen“, возилото на исчезнатиот, а потоа и убиен Панче Жежовски, кој, како што се претпоставува, му должел пари на организаторот на киднапирањето, Љупчо Палевски – Палчо.

Токму во тоа возило малолетничката била однесена од влезот на зградата, односно од станот, откако, според изјавите на осомничените, таткото со организаторот споделил информација за денот и времето кога ќе излезе од домот и ќе биде сама“, откри министерот Оливер Спасовски.

Во неа пукал и организаторот на убиството, кој според сите наводи е Љупчо Палевски ака Палчо, кого министерот го нарече монструм.

Љупчо Палевски – Палчо

Главниот организатор и извршител кој на 27. ноември уби тинејџерка со пиштол, според досега утврдените докази, околу 10 часот, се плашел од доказите што полицијата можела да ги најде во веќе започнатата истрага по првата пријава за стореното кривично дело. Можам да ветам дека јас и институцијата ќе направиме се за да го изведеме овој човек, овој монструм пред лицето на правдата штом ќе стапне на наша почва“, истакна министерот Оливер Спасовски.

Тој извести дека се водат по трагата на организаторот кој прво избегал од земјава во Белград, а потоа заминал во Бугарија. По него ќе биде распишана меѓународна потерница.

Главниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски објасни дека, според изјавите на приведените, организирана група одлучила да го убие девојчето, а потоа од мајката побарала пари. Точното време на убиството ќе се знае откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата.