Мелони ја пофали Србија: „Исклучителни економски резултати на Вучиќ“

Премиерот на Италија, Ѓорѓа Мелони, зборуваше по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Што се однесува до гостопримството, тој беше одличен домаќин, се што доживеавме беше исклучително убаво. Ова е моја прва посета на Србија. Има односи меѓу нашите земји кои се веќе важни, верувам дека можат да бидат уште подобри“, рече Мелони.

„Италија и Србија, пред се во последниот период, уште повеќе ги развија билатералните односи, имаше бизнис форум, исто така се подобри и интензивираше дијалогот меѓу нашите влади, нашата трговска размена, која е исклучително успешна, сигурен сум дека може да биде уште поголема. Италија има многу претпријатија и компании во Србија, може да има повеќе инвестиции и работни места“, рече Мелони.

Tаа истакна дека Белград е првиот град во светот каде италијанските компании, кои се многу важни, отвориле свои канцеларии и погони. Како што рече, тоа покажува колку внимание има Италија и колку внимание италијанскиот претприемачки свет гледа кон Србија.

„Важна е работата во која Владата и претседателот Вучиќ инвестираат и дека постигнуваат големи резултати на полето на економијата. Резултатите се исклучителни. Ова го зголемува интересот на италијанските компании кои сакаат да дојдат овде. Денес има многу предизвици , како што се големите кризи, тоа се предизвици кои даваат некои нови можности“, рече Мелони.

„Навистина сум многу задоволна што постои можност, дека имаме лидери кои разбираат и сфаќаат колку е важно нашите односи да се подобрат заради економијата. Нашите односи ја покажуваат стратешката важност што Србија ја има за Италија и тоа затоа ќе бидеме во првите редови меѓу земјите кои се залагаат за проширување и обединување на Европа.Европа не е некој клуб за кој некој треба да одлучува кој ќе биде, а кој не.Многу е важно обединувањето на цела Европа се одвива, кога ќе го погледнеме сценариото во целиот свет“, посочи таа.

Мелони истакна дека Италија ќе биде со Србија на европскиот пат.

„Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап кон дијалогот со Косово. Италија силно го поддржува тој процес и ние работиме да обезбедиме исполнување на сите обврски што ги презедоа страните“, рече таа.

„Сакам да му се заблагодарам на Белград за сите напори што ги прави. Нашата енергија треба да се вложи во тоа и да ги решиме овие проблеми на вистински начин. Ние сме многу загрижени за борбата против илегалните мигранти“, додаде Мелони.