ДАЛИ ОВА Е НАЈСЕРИОЗНАТА ЗАКАНА ДОСЕГА !? Моќен политичар од Блискиот Исток со драматична порака: “Доколку САД интервентираат, нема да се двоумиме да ги таргетираме“

Хади Ал-Амири, моќен ирачки политичар близок до Иран и клучна фигура во меѓупартискиот сојуз кој ја поддржува ирачката Влада, се закани дека американските интереси ќе бидат на мета доколку САД воено интервенираат на страната на Израел во конфликтот со Хамас во Појасот Газа.

Хади Ал-Амири ја предводи Организацијата „Бадр“, шиитска, проиранска политичка група чии членови го сочинуваат најголемиот дел од ирачките сили за народната мобилизација (ПМФ), државна паравоена организација која вклучува бројни проирански фракции, пренесува медиумската агенција Reuters.

Ако тие интервенираат, ќе интервенираме и ние… Доколку Американците отворено интервенираат во овој конфликт, сите американски интереси ќе бидат легитимни цели и нема да се двоумиме да ги таргетираме“, порача Хади Ал-Амири за време на племенската средба во Багдад.

Коментарите на Хади Ал-Амири дојдоа еден ден откако САД соопштија дека брзо ќе обезбедат дополнителна муниција за вооружените сили на Израел и ќе ја преместат својата поморска нападна група со носач на авиони во источниот Медитеран.

Во последниве години, ирачките фракции поддржани од Иран редовно истрелуваа ракети врз позициите на американската Армија во Ирак и американската амбасада во Багдад.

Соединетите Американски Држави во моментов имаат 2.500 војници во Ирак и дополнителни 900 војници во Сирија кои имаат задача да ги советуваат и помагаат локалните трупи во борбата против Исламската Држава, која зазеде големи делови од територијата и во Ирак и во Сирија во 2014 година.