ДАЛИ ОВА ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМОТО ПОНИЖУВАЊЕ ЗА МЕСИ !? На Аргентинецот нема да му се допадне она што го подготвуваат навивачите на ПСЖ: “Доста ни е од него!“
Ако го прашате просечниот навивач на ПСЖ, главен виновник за елиминацијата од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите е – Лионел Меси.
Ѕвездата која ја обожуваа во француската престолнина кога пред година и пол се пресели од Барселона во ПСЖ денеска беше осудена од навивачите. Имено тие поради тоа најавија своевиден протест за да изразат што мислат за односот на големиот Аргентинец, актуелниот освојувач на Светското првенство.
„Ќе го исвиркаме. Доста ни е од него. Премногу е платен, премногу го фаворизираат во секакви ситуации, а тоа што го покажува на теренот е речиси ништо“, ова е пораката која ја испратија навивачите на ПСЖ.
Оваа недела парижаните на домашен терен го пречекуваат Рен, а вистинско прашање е како ќе се однесува аргентинската суперѕвезда на теренот. Јасно е дека го чека можеби најголемото понижување во кариерата. Исто така, доколку навивачите продолжат да се однесуваат слично, тоа ќе значи дека по истекот на актуелниот договор, на 30. јуни, Меси ќе го напушти ПСЖ. Инаку, Меси сезонава постигна 18 голови и 17 асистенции на 31 настап за клубот, но навивачите се жалат на неговите исклучително лоши игри во најважните натпревари. На двата натпревари беше речиси невидлив против Баерн Минхен.