ДАЛИ ПАЛЕЊЕТО ОГНОВИ Е МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА !? Љубчо Герогиевски ги загуби нервите и се огласи на Фејсбук: “Никаква македонска традиција туку увезена српска традиција“
Деновиве на социјалните мрежи но и во јавноста се води голема дебата за тоа дали треба да се пали коледарски односно бадниковен оган. Многу различни ставови се појавија во јавноста, додека МПЦ – ОА вели дека палењето оган е паганска работа, некои велат дека тоа е дел од традицијата на Македонија.
Токму на оваа тема се огласи и поранешниот претседател на Владата на Република Македонија и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Герогеивски, кој во објава на социјалните мрежи го кажа својот став по оваа тема.
Љубчо Георгиевски вели дека ова нема никаква христијанска македонска традиција и дека оваа традиција е увезена во земјава од соседна Србија.
Во прилог ви го пренесуваме статусот на Љубчо Георгиевски објавен на социјалната мрежа Фејсбук:
„Палењето огнови во градот Скопје во име на некаква христијанска македонска традиција е:
- Крајно примитивна појава за еден град кој сака да биде урбан центар во Европа.
- Самоубиствено од аспект на загаденоста и општото здравје.
- Никаква христијанска традиција туку чист паганизам.
- Никаква македонска традиција туку српска традиција увезена со српската слава. Ова е директна негација на македонскиот идентитет.
- Ваков примитивизам не постои во Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци и да не редам.
- Македонската првославна црква години со ред се оградува од ваквиот начин на чекање на Бадник“