ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО Е ЗАВРШЕНО УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕ?! ИД ги разнесе тунелите неколку минути пред затишјето, Хамас одговори со воздушен напад

Никој не го посакуваше ова

Според Израел, Хамас веќе го прекршил примирјето, со бомбашки напад на територијата на Израел, додека ИД објави дека само неколку минути пред официјалниот почеток на примирјето ги уништила тунелите под болницата Ал Шифа. 

– ИД објави дека уништила терористички тунел кој беше откриен под болницата Ал Шифа непосредно пред почетокот на денешниот прекин на огнот (кој Хамас подоцна го прекрши). – се наведува во соопштението на израелското Министерство за одбрана.

ИД додаде дека силите продолжиле на копно, во воздух и на море да уништуваат терористички цели и да оперираат во различни области за да лоцираат и скенираат сомнителни згради додека наидуваат на терористи; силите ги уништија тунелските рути идентификувани во текот на изминатите неколку дена.

Снимки од неодамнешните напади на ИД врз тунели и терористичка инфраструктура:

Израелската армија ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути откако стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас , објави Ројтерс .

Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.