Дали размислувањето согорува калории? Што вели науката

Дали некогаш сте се запрашале дали чинот на размислување согорува калории?

Истражувачите велат да, но има финта.

Иако прекумерното размислување е активност што согорува калории, изгубената енергија е минимална. Сепак, треба да го заморите и тренирате мозокот со размислување, бидејќи придобивките одат подалеку од согорувањето на калориите.

Да биде појасно, телото согорува калории секој момент. Дури и сега кога ни читате, телото согорува калории помагајќи му на респираторниот систем, циркулацијата на крвта, телесната температура и варењето.

Мозокот конкретно добива енергија од гликозата, која доаѓа од храната. Влегува во крвта и патува до мозокот. Иако самиот мозок придонесува само со 2% во вкупната тежина, тој согорува 20% од вкупната енергија што ја трошите во еден ден.

Но, вреди да се напомене дека согорувањето на калории додека размислувате не придонесува за губење на тежината, бидејќи за да дојдете до таа точка треба да го напрегате вашиот мозок до границите што му штетат на целокупното здравје.

Според авторот Роберт Курцбан, внимателното читање на литературата сугерира дека напорното размислување (или со други зборови, ангажирањето во напорна ментална активност) не е поврзано со зголемување на согорените калории.

На крајот на краиштата, ако сте уморни откако размислувате, зарем тоа не значи дека согорувате енергија?