Жена падна во дупка длабока 7,5 метри во Калифорнија – објавена е снимка од пожарникарите кои ја спасуваат жртвата

Драматична снимка е снимена во калифорнискиот град Фонтана откако беше пријавено дека една жена паднала во дупка.

Останува нејасно како се случило тоа, додека се вели дека дупката „штотуку се појавила“.

Пожарникарите биле повикани од вознемирените членови на семејството откако слушнале лелек што доаѓа од темната бездна.

Спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот додека жената била при свест и барала да биде изнесена на површината.

Локалните медиуми во живо ја пренесуваа акцијата за спасување, како и моментот кога еден од пожарникарите слета во дупка длабока 7,5 метри.

Тој успеал да ја обезбеди жената, која била извлечена на безбедно со помош на јажиња. Веднаш била пренесена во болница каде и биле констатирани повреди на ногата.