ПЕЕЛА ЗА УБИСТВО НА БИВШИОТ – Луѓето загрижени за Шакира по бизарното видео: Ова не е смешно, и треба помош (ВИДЕО)

Оваа година, за Денот на вљубените, пејачката Шакира објави малку бизарно видео во кое пее за тоа како „можела да го убие бившиот“.

Облечена целосно во црно и со метла во раката, Шакира ја исчисти кујната според текстот на песната „Kill Bill“ на американската кантавтор SZA, во која тема е девојката Bride и нејзината желба да го убие нејзиниот поранешен дечко како чин на одмазда.

„Можев да го убијам бившиот, не е најдобрата идеја, следна е неговата девојка, како стигнав овде? Можев да го убијам бившиот, но сепак го сакам, повеќе би сакала да бидам во затвор отколку сама“, пеела Шакира, а потоа се насмеа на самиот крај на снимката.
На многу луѓе воопшто не им се допадна оваа објава.

„Колку е ова смешно? Да запее човек вакво нешто, ќе викне полиција“, „И треба терапија, и тоа итно“, „Опседната е со Пике“, „Сега ми е јасно зошто Пике побегна“, „Шакира зошто си уште во Барселона земи си ги децата и оди во Мајами, јасно е дека не ти е добро“, се само дел од коментарите.

Потсетуваме, Шакира беше изневерена од партнерот Жерар Пике со кој има две деца, со ученичката Кјара Чија со која сега е во среќна врска.