ДАЛИ СВЕТОТ ТОНЕ ВО ХАОС?! Израел вознемирено чека голем ИРАНСКИ НАПАД, а еве што ќе направи АМЕРИКА – дали е ова знак дека катастрофата е неизбежна?!
Нападот на Иран врз Израел е реална и веродостојна закана, соопшти во петокот Белата куќа, повторувајќи дека САД сериозно ја сфаќаат својата посветеност на одбраната на Израел.
Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, додаде дека САД, во светлината на заканата од Техеран, ја разгледува силата и подготвеноста на сопствените воени сили во регионот, додавајќи дека тие го следат развојот на ситуацијата.
Американски официјални лица потврдија за катарската телевизија Ал Џезира во четвртокот дека САД може да интервенираат за да му помогнат на Израел да се одбрани од ирански ракетен напад.
Во меѓувреме, Израел нестрпливо чека напад од Иран или ирански прокси милитантни групи со знаци на можна одмазда за нападот врз иранската амбасада во Дамаск во кој загина висок ирански командант, член на Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRCG).
Некои земји, вклучувајќи ги Индија, Франција и Русија, ги предупредија своите граѓани да не патуваат во регионот, каде што војната меѓу Израел и Хамас беснее веќе седум месеци.
Израелската армија во четвртокот соопшти дека не издала нови инструкции за цивилите, но дека нејзините сили се во состојба на готовност и подготвени за сите сценарија.
Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на 1 април во кој беше убиен генерал-мајор Мохамад Реза Захеди, но ајатолахот Али Хамнеи го обвини Израел и рече дека „мора да биде казнет и ќе биде казнет“.
– Ќе биде многу тешко Иран да не возврати – изјави Раз Зимт од Израелскиот институт за национални безбедносни студии.
Сè уште верувам дека Иран не сака да влезе во целосен, директен воен конфликт со Израел, а секако не и со САД, но мора да направи нешто – рече Зимт.
Бидејќи Иран го гледа нападот во Дамаск како напад на сопствена територија, Зимт верува дека директен напад на израелска територија од Иран, а не од неговите групи како либанскиот Хезболах, е реална можност.