Повеќето случаи на болки во грлото се предизвикани од вирус или бактерии. Покрај терапијата на рецепт, истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, како што е сладоледот, можат да помогнат во ублажување на болките во грлото. Овој десерт го спречува размножувањето на микроорганизмите и бактериите во усната шуплина и ја намалува болката, па затоа се препорачува негово консумирање. Експертите велат дека треба да избереме поздрави варијанти, по можност без шеќер и на база на растително млеко.

Кој сладолед е навистина ефикасен против болки во грлото
Одговорот на ова прашање е всушност многу едноставен – кога нè боли грлото, треба да ги земеме предвид сите оние сладоледи кои немаат шеќер и се базираат на растително млеко. Се препорачува да се консумираат шербети или замрзнати смути направени од овошје, вода или, на пример, кокосово млеко. Корисно е да се консумираат сладоледи со мазна текстура , без парчиња чоколадо или сушено овошје, за дополнително да не се иритира грлото.
А со консумирањето на овој деликатес треба да бидете умерени – јадете го полека со лажица и не треба да биде екстремно ладен.
Дали топла или ладна храна е подобра за болно грло?
Кога станува збор за смирување на воспаленото грло, и ладната и топлата храна можат да обезбедат олеснување, но преференциите варираат од личност до личност. Некои луѓе претпочитаат сладолед, додека на други им помага чинија топла супа . Затоа, ниту ладната ниту топлата храна не се спорни, но има намирници кои треба да ги избегнуваме, бидејќи можат да предизвикаат иритација на грлото:
Зачинета храна – топлината на зачините го иритира грлото, што доведува до воспаление и непријатност.
Кисела храна и пијалоци – предизвикуваат иритација на грлото поради киселоста.
Топли пијалоци – екстремно топлите пијалоци, како чај или кафе, може да ја изгорат слузницата на грлото, што доведува до воспаление.
Млечни производи – консумирањето млечни производи доведува и до непријатност во грлото и чувство на погуста плунка.
Алкохол – силните пијалоци ќе го дехидрираат грлото и ќе ја влошат иритацијата, особено кога се консумираат во големи количини.