Дали сладоледот помага при болки во грлото?

Повеќето случаи на болки во грлото се предизвикани од вирус или бактерии. Покрај терапијата на рецепт, истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, како што е сладоледот, можат да помогнат во ублажување на болките во грлото. Овој десерт го спречува размножувањето на микроорганизмите и бактериите во усната шуплина и ја намалува болката, па затоа се препорачува негово консумирање. Експертите велат дека треба да избереме поздрави варијанти, по можност без шеќер и на база на растително млеко.

Кој сладолед е навистина ефикасен против болки во грлото

Одговорот на ова прашање е всушност многу едноставен – кога нè боли грлото, треба да ги земеме предвид сите оние сладоледи кои немаат шеќер и се базираат на растително млеко. Се препорачува да се консумираат шербети или замрзнати смути направени од овошје, вода или, на пример, кокосово млеко. Корисно е да се консумираат сладоледи со мазна текстура , без парчиња чоколадо или сушено овошје, за дополнително да не се иритира грлото.

А со консумирањето на овој деликатес треба да бидете умерени – јадете го полека со лажица и не треба да биде екстремно ладен. 

Дали топла или ладна храна е подобра за болно грло?

Кога станува збор за смирување на воспаленото грло, и ладната и топлата храна можат да обезбедат олеснување, но преференциите варираат од личност до личност. Некои луѓе претпочитаат сладолед, додека на други им помага чинија топла супа . Затоа, ниту ладната ниту топлата храна не се спорни, но има намирници кои треба да ги избегнуваме, бидејќи можат да предизвикаат иритација на грлото: 

Зачинета храна – топлината на зачините го иритира грлото, што доведува до воспаление и непријатност.
Кисела храна и пијалоци – предизвикуваат иритација на грлото поради киселоста.
Топли пијалоци – екстремно топлите пијалоци, како чај или кафе, може да ја изгорат слузницата на грлото, што доведува до воспаление.
Млечни производи – консумирањето млечни производи доведува и до непријатност во грлото и чувство на погуста плунка.
Алкохол – силните пијалоци ќе го дехидрираат грлото и ќе ја влошат иритацијата, особено кога се консумираат во големи количини.