Дали сте го виделе Харис Џиновиќ без капа и со коса? На мрежите се појави фотографија, пејачот не можете да го препознаете

Пејачот Харис Џиновиќ е присутен на јавната сцена со децении, а шеширот е негов препознатлив знак повеќе од 30 години.

Никогаш не сте го виделе Харис во јавност без капа, поради што малку се знае како тој изгледа без овој моден додаток.

Неодамна на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која Харис е прикажан со коса, а сликата е направена кога имал 24 години.

Многумина на почетокот имаа потешкотии да го препознаат и коментираа дека значително се променил со текот на времето.

Инаку, Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ ставија точка на бракот, а пејачот неодамна истакна дека е подготвен за нова љубов.

– Сега сум слободен човек. Емотивно достапен, а јас сум импресиониран од убави и паметни жени, ги нема премногу! Мора да е нормална. Мора да има совест, мора да има толеранција, мора да биде вредна. Љубовта може да биде допир на рака, а кога ќе заврши во кревет… Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став – изјави неодамна тој за „Прва“.