ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ? Вештачката интелигенција доаѓа во Messenger

Компанијата Мета носи вештачка интелигенција во Messenger.

Претседателот на компанијата на одделот за вештачка интелигенција , Ахмад Ал-Дале, им кажа на вработените дека генеративниот модел првично ќе се користи за создавање налепници врз основа на текстуални инструкции. Ова прво ќе го тестираат вработените, по што ќе биде достапно за јавноста.

 – Со налепници генерирани од вештачката интелигенција, нашите корисници можат да имаат бескрајни опции за креативно изразување, културна презентација, па дури и нови трендови – рече Ал-Дале.

Ал-Дале додава дека компанијата исто така работи на развој на модел со вештачка интелигенција што ќе ја трансформира големината на сликите.

Мета го најави воведувањето на генеративната вештачка интелигенција уште кога Марк Цукерберг лично зборуваше за изградба на алатки со вештачка интелигенција, вклучувајќи различни текстуални „искуства“ во Messenger и WhatsApp.

Шефот на Мета им кажа на инвеститорите дека Мета сака да ги направи агентите со вештачка интелигенција достапни за милијарди луѓе, нагласувајќи дека ќе ја вгради технологијата во WhatsApp, Messenger, Facebook и Instagram.

Компанијата сака да нурне уште подлабоко во вештачката интелигенција со јазичниот модел LLaMA и неодамна објавениот модел со вештачка интелигенција со отворен код кој комбинира текстуални, визуелни и податоци за движење, пишува Noob.ba.