После убиството на Србинот во Бразил, уапсен е и еден Хрват: Кај него е пронајдена дрога, пари и пасош на име Дарко Малиќ! (фото)

Еден ден откако во Сантос беше убиен српски државјанин, наводно близок до „Шкаљарскиот клан“ Дарко Гајслер, полицијата во истиот град стави лисици на маж кој имал хрватски документи на име Дарко Малиќ (42).

Според бразилските медиуми, тој бил уапсен на Божиќ, 6 јануари, како еден од водачите на криминалната група која продавала дрога во Сантос.

Според полицијата, агентите отишле во Камино да Капела да извршат претрес и го пронашле Малиќ во куќата.

Дарко Гајслер е убиен

-Спиеше кога агентите упаднаа во имотот. При претресот се одземени околу 190 грама хашиш, мобилен телефон, таблет, малку пари, вага за прецизно мерење, хрватска лична карта и визит карти на име Дарко Малиќ – наведуваат и додаваат дека при претресот имаше опсада околу куќата.

Според медиумите, Малиќ е приведен, а одземената дрога како и телефонот и таблетот се испратени на вештачење во Кривичниот институт.

Бразилските медиуми сè уште не наведуваат дали апсењето на Малиќ има врска со ликвидацијата на Дарко Гајслер од Панчевиќ, кој ноќта пред апсењето на хрватскиот државјанин беше ликвидиран пред очите на сопругата и детето.

Гајслер, чие презиме порано беше Недељковиќ, во моментот кога беше убиен, имал фалсификувани документи од Словенија на име Дејан Ковач.

Да потсетиме, напаѓачот го начекал во близина на куќата и го застрелал во грб во моментот кога тој ја отворал капијата за да влезе во зградата со сопругата и синот каде според соседите живеел последните четири години.

Инаку, Црна Гора по него распишала потерница во 2014 година поради сомневање дека учествувал во убиството на Андрије Мрдак, пред капијата на затворот Спуж во Подгорица.