Четворица повредени во две различни сообраќајки во Скопје

– Во две сообраќајки несреќи кои попладнево се случиле во Скопје, повредени се четири лица, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, околу 14:30 на раскрсница од булевар „Србија“ и „Јане Сандански“ се случила сообраќајка во која учествувале „фолксваген“ и „ауди“. Во оваа собраќајка повредени се три лица.    

Исто така, друга сообраќајна несреќа се случила околу 14:30 на булевар „В.С. Бато“ помеѓу „шевролет“ и товарно возило „ивеко“. Во оваа собраќајка со повреди се здобил едно лице.