,,Повеќе спорт, помалку таблети!” – Путин ја откри тајната на младоста: „Теретана, базен, туш“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги советуваше луѓето да спортуваат секој ден и да го заштитат своето здравје со вежбање, а не со апчиња.

– Спортот треба да стане составен дел од животот. Не треба да вежбате два часа, туку ви треба час или барем половина час. Секој човек треба да посвети време на тоа – рече Путин на средбата со претставници на јавноста во Анадир за време на неговата посета на Чукотка.

Тој потсети дека во Русија има одредени индикатори кон кои земјата треба да се стреми.

– Генерално, во земјава расте бројот на оние кои редовно се занимаваат со спорт и вежбање, но не ги постигнавме потребните показатели. Ќе се стремиме кон тоа. Спортувањето не е важно од економска гледна точка. Колку повеќе спортови, помалку апчиња. Треба да кажеме „благодарам“ на вежбањето, а не на таблетите – рече рускиот лидер.

На прашањето дали има време да спортува со толку напорен распоред, Путин одговори потврдно.

– Секако. Тоа го правам секој ден најмалку два часа. Фитнес, базен, туш – испаѓа  два и пол часа – рече рускиот лидер, прецизирајќи дека ова е „рамковно време“, и дека понекогаш се случува да вежба повеќе.