Младиот кромид го штити здравјето

Сезона е на млад кромид и штета е да не ја искористувате можноста затоа што е богат со витамини и минерали и одлично го штити здравјето.

Младиот кромид има антибактериски својства, затоа штити од воспаление, помага при настинки, а исто така е одличен за подобрување на варењето на храната. Полн е со антиоксиданти кои ги штитат клетките во организмот од оштетување предизвикано од слободните радикали и со тоа го штити срцето. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето кои го немаат овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања.

Младиот кромид богат е со витамин Ц и К, двата се важни за густина и јачина на коските. Го намалува холестеролот, особено зелениот дел од него што некои луѓе го фрлаат и би било подобро да го јадете. Покрај тоа што го намалува нивото на лош холестерол во крвта, тој помага и во регулирање на нивото на шеќер.