„ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ? ПОЧНУВА СЛЕДНАТА ФАЗА! Премиерот на Израел најави копнена Офанзива, армијата е подготвена (ВИДЕО)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети пешадијата и го најави „почетокот на втората фаза од војната“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети пешадијата и го најави „почетокот на втората фаза од војната“. Видеото се појави и на социјалните мрежи, на неговиот „Х“ профил, поранешен „Твитер“.
На видеото се слуша како Нетанјаху прашува група војници: „ Дали сте подготвени за следната фаза? Доаѓа “. Тој не соопшти никакви дополнителни детали, а војниците климнаа со главата за да потврдат дека се подготвени.
Да потсетиме, израелската армија (ИДФ) најави дека ќе започне копнена инвазија, а претходно испрати предупредување до жителите на Газа да се евакуираат што е можно поскоро . Тие изјавија дека Хамас ги користи како „човечки штит“ и дека треба да ги напуштат своите домови и да се упатат кон југот на земјата, кон градот Кан Јунис.