Дали така треба и кај нас? Претседателот на Ел Салвадор им се закани на трговците: Или намалете ги цените или ќе завршите како уличните банди

Поради неговите мерки, еден од градовите кои некогаш имаа најголем број убиства во светот се претвори во еден од најбезбедните.

Салвадорскиот претседател Наџиб Букеле, познат по грубиот однос кон уличните банди, се закани дека ќе преземе слични мерки против трговците на големо и увозниците кои драстично ги зголемија цените на намирниците и другите стоки.

Властите на Букеле уапсија десетици илјади членови на улични банди од 2022 година, често со малку докази, а полицијата ги спроведуваше во долна облека низ огромни нови затвори, објави АП.

Во последниот говор, претседателот се закани дека ќе ја користи истата тактика против трговците на големо и дистрибутерите кои ги обвини за неодамнешниот скок на цените на храната и другите основни производи.

  • Испраќам порака до увозниците, продавачите и дистрибутерите на храна: престанете да ги злоупотребувате жителите на Ел Салвадор, а ако не го направите тоа, не се жалете на последиците – рече тој.

Букеле е широко популарен по неговиот остар напад врз моќните улични банди кои некогаш практично владееле со многу населби и изнудувале пари од жителите и сопствениците на бизниси.

Поради неговите мерки, еден од градовите кој некогаш имал најголем број убиства во светот е трансформиран во еден од најбезбедните во Латинска Америка.

Во рациите беа уапсени вкупно 78.175 осомничени членови на банда, но околу 7.000 луѓе беа ослободени поради недостиг на докази.