Коцка чоколадо после вечерата може да ви го разубави денот, но дали има вистински здравствени придобивки? Темното чоколадо навистина има позитивни ефекти, особено кога станува збор за намалување на стресот и подобрување на расположението.
Научниците ги проучувале ефектите на темното чоколадо на 30 испитаници кои консумирале 40 грама дневно во текот на две недели. Тестовите покажаа дека кај луѓето со повисоко ниво на анксиозност, темното чоколадо помогнало да се намали нивото на хормоните на стрес – кортизол и катехоламини. Покрај тоа, имаше позитивен ефект врз метаболизмот и здравјето на цревните микроби.
Со други зборови, секојдневното уживање во темно чоколадо може да помогне во регулирањето на стресот и да придонесе за подобро целокупно здравје. Бидејќи стресот може да предизвика предвремено стареење на кожата и да го намали производството на колаген, овој природен „антистрес“ третман може позитивно да влијае и на убавината, пишува MindBodyGreen.
Што да барате при изборот на чоколадо?
Важно е да изберете квалитетно темно чоколадо без додаден шеќер и вештачки состојки. Органското какао и природните засладувачи како стевиа се подобар избор од комерцијалните чоколади со висока содржина на рафиниран шеќер.
Доколку сакате дополнително да уживате во благодетите на какаото, можете да пробате и топло чоколадо без шеќер.