Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, пренесува Телеграф Македонија.
Таа рече дека во последните месеци одредени политичари и парламентарната платформа се обиделе да го нарушат нејзиниот интегритет. Таа го впери прстот кон премиерот Христијан Мицкоски.
„Во некои случаи тој и политичарите од актуелната власт третираа негативни ставови кон членовите на Судскиот совет. Сето тоа за да и’ се претстави на јавноста дека јас или членовите на Советот функцијата не ја извршуваме професионално и одговорно. Бевме означени како тела што треба да се распуштат. Во телевизиски настап потенцираше и нивни луѓе да дојдат кај нас, претпоставувам дека се работи за судии или обвинители кои се блиски до политичката партија на власт. Тоа е деструктивно за една демократска држава“, рече Дамева.
Претседателот на Судскиот совет го издвои името на пратеникот Антионио Милошоски. Според неа, упатени се сериозни закани за кривична одговорност, толкувајќи правна состојба, која, според неа, е далеку од законот и правната доктрина.
Таа најавува дека најтешко и било што „на одредени портали се дистрибуирале нарачани текстови со содржина за да ја оцрнат и да се чини дека влијаат на судските постапки“.