Директорката на Академијата за судии и обвинители, Наташа Грабер-Дамјановска, поканета во емисијата „360 степени“ во Алсат, вели дека при евентуалниот ветинг во правосудството, постапката мора многу внимателно да се спроведе, оценувајќи дека една ваква постапка во Албанија остави простор за одредени забелешки.
„Имајќи го предвид искуството на моите колеги од Албанија, секако не би сакал ваков ветинг, како што се случи во Албанија, бидејќи покрај тие лица, кои можеби со право го напуштија правосудниот систем, настрадаа и лица кои можеби не ќе мора да ги напуштат своите позиции. Така што мислам дека треба да се направи многу внимателно, доколку се процени дека треба да се направи“, рече Габер-Дамјановска.