Данела Арсовска формира нова партија

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која до крајот на октомври ќе заврши две години владеење, почна со собирање потписи за формирање на партијата, јавува „Фокус“.

Според членскиот документ, партијата ќе се вика „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, на која адреса, според податоците на деловната мрежа, се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник Драган Митковски.

Арсовска претходно беше директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.