Данска испраќа на Украина помош во вредност од 247 милиони долари

 Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека официјален Копенхаген ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247 милиони долари.

– Времето не е на страната на Украина. На бојното поле се брои само акцијата, потенцираше Фредериксен.

– Украинската борба за слобода е и наша борба, истакна премиерката на Данска.