Дачиќ: „Возачот побегнал пред да дојде полицијата“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека според првите извештаи на сообраќајната полиција, возачот на камионот кој удрил во автобусот е одговорен за несреќата во која загина едно лице, а досега помош побарале 16 лица.

„Возачот побегнал пред да дојде полицијата, знаеме кој е и наскоро ќе биде пронајден “, им рекол Дачиќ на новинарите по посетата на полициската управа за градот Белград, а набргу потоа на Танјуг му било кажано дека возачот бил приведен.

Несреќата се случила утринава по 10 часот, а според медиумите на повеќето им била укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар „Бежанијска коса“, додека на останатите им била укажана лекарска помош во Здравствениот дом во Обреновац.