ДА ТИ ЗАСТАНЕ ПАМЕТОТ – СТАРЛЕТА КУПИЛА НАКИТ КОЈ ГО НОСЕЛА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Крстот обложен со дијаманти достигнал цена од 187.000 евра! (ФОТО)
Американската старлета Ким Кардашијан (42) на аукција купила скап привезок што го носела принцезата Дијана, објави познатата аукциска куќа Сотби.
Станува збор за приврзок во форма на крст, под името Аталах, кој принцезата го носела во 1987 година на лондонската хуманитарна гала вечера. Инаку, изработен е од аметист и обложен со дијаманти од 5,25 карати. Луксузен привезок изработен во 1920 година од познатиот британски златар Гарард е продаден за неверојатни 163.800 фунти (околу 187.000 евра), што е двојно повеќе од цената што ја предвиделе за ова парче накит.
„Накитот што го поседува или носи принцезата Дијана ретко се наоѓаат на пазарот, особено кога станува збор за накит како што е крстот Аталах, кој е посебен по боја“, изјави Кристијан Спофорт од аукциската куќа пред продажбата.
Инаку, Ким Кардашијан долго време купува работи на аукции кои ги носат познатите – во својата колекција има нешто од Елизабет Тејлор, Жаклин Кенеди Онанцис и други.
Старлетата минатата година предизвика гнев во јавноста бидејќи на Мет Гала во Њујорк го носеше легендарниот фустан на Мерлин Монро. Станува збор за музејско дело кое актерката го носеше кога му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Кенеди.
Музејот Рипли, кој го поседува легендарниот фустан, подоцна мораше да ги отфрли обвинувањата дека Ким Кардашијан го оштетила фустанот додека го носела бидејќи нејзиниот тип на тело е тотално различен од Мерлин Монро.