ДА, ЌЕ ИГРАМ: Федерер ПОТВРДИ дека се враќа на теренот

Ќе го видиме пак со рекет в рака.

Швајцарецот Роџер Федерер откри дека ќе се врати на теренот на крајот на септември кога се игра Лејвер купот.

– Да, ќе играм! Се гледаме во Ванкувер – рече Федерер, станувајќи осмиот потврден учесник на овој турнир.

Тејлор Фриц, Френсис Тиафо, Феликс Огер-Алјасим и Ник Киргиос веќе се пријавија за Лејвер купот, како и Стефанос Циципас, Андре Рублев и Холгер Руне.

Федерер ја заврши професионалната кариера, но очигледно допрва ќе игра на егзибиции, бидејќи не му е многу лесно одеднаш да престане да „удира во топката“.

Предлозите се такви што селекторите ги избираат европскиот тим и Светскиот тим, а селектор на европскиот тим за кој ќе настапува Федерер е Бјорн Борг, додека негов заменик е Томас Енквист.

Светскиот тим е предводен од Американците Џон и Патрик Мекинро. Секој тим има по шест играчи, а засега се поделени на четири места.