При засилена акциска контрола на територија на државата во текот на ноќта се санкционирани 27 возачи за прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
За време на контролата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, санкционирани се и 39 останати прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци, се вели во соопштението.