Двајца браќа починале во ист ден, едниот на турнир во фудбал, а другиот од шокот кога ја слушнал веста: “Срцето не издржа”
Само што гo известиле за смртта на својот сакан брат, се обидел да ја утеши мајка си, а потоа и тој колабирал.
Колку силна може да биде братската љубов покажува и oвој трагичен настан во Србија. Истиот ден згаснале животите на двајцата браќа Милан (47) и две години постариот Милисав Максимовиќ. Првиот починал во Словенија, а вториот во Србија откако ја добил несреќната вест за тоа што му се случило на неговиот брат.
Како што пренесува Курир , помладиот Милан бил глувонем, а во моментот на смртта играл на фудбалски турнир во Словенија, каде ненадејно колабирал и починал.
- Милан беше многу добар фудбалер, колку што знам беше член на ФК Слога од нашето село, за која повремено играше, патем за него знае цела поранешна Југа. Беше член на нашата репрезентација за глувонеми и многу успешно го носеше националниот дрес. Како што слушнав, тој вчера го играше тој несреќен турнир кога му се слоши за време на мечот и се чини дека е срцев инфарк. За жал, немаше спас, жали за брат му, сето тоа се случи за околу еден час по страшната вест од Словенија – изјави за Курир еден од соседите.
Само што Милисав го известиле за смртта на својот сакан брат, се обидел да ја утеши мајка си, а потоа и тој колабирал.
– Го нашле мртов во дворот. Претпоставувам дека неговото срце не можеше да издржи, не можеше да го сожали брат му. Се обидувал да ја утеши мајка си, а потоа во еден момент излегол од куќата, раскажал соседот.
Според Курир, браќата најверојатно ќе бидат погребани заедно.