Двајца загинати, еден повреден во несреќа во рудникот за сепарација на јаглен Лубница кај Зајечар

Две лица загинаа, а едно е повредено на сепарација при чистењето на бункерот со ситен јаглен во рудникот за лигнит Лубница кај Зајечар, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за рударство и енергетика соопшти дека инспекцијата ќе излезе на лице место, каде се упати и ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Несреќата се случила во 10.30 часот, а еден повреден работник е прфрлен во Здравствениот дом во Зајечар.

На лице место е и Итната помош и обвинител од Основното јавно обвинителство во Зајечар.

Рудникот за лигнит работи во состав на јавното претпријатие за подземна експлотација на јаглен, „ресавица“.