Апокалиптични сцени во Црна Гора: Ветерот носи се пред себе, а огромни бранови превртуваат чамци и помали бродови

Припадниците на Службата за заштита и спасување имале повеќе интервенции

Регионот не го заобиколи ниту силно невреме, а од црногорското крајбрежје пристигнуваат апокалиптични слики. Ветерот носи се пред себе, а огромните бранови се голем проблем.

– Сцените покрај брегот се навистина страшни. Водата стигна до шеталиштето, а брановите превртеа голем број чамци и помали бродови – изјавила за РИНА Милена Павловиќ, која случајно се нашла во Пераст.

Силниот ветер предизвика огромни проблеми и во Херцег Нови, каде што невремето корнеше дрвја и ги исфрли на патот. Припадниците на Службата за заштита и спасување имале повеќе интервенции во загрозените делови од градот.

Невремето не го заобиколи ниту централниот, ниту северниот дел на Црна Гора. Дрво паднало врз куќа во Мојковац.