Двајца загинати и 26 повредени во експлозија на гас во ресторан во Кина

Најмалку две лица загинаа, а 26 се повредени денеска во силна експлозија во ресторан во кинеската област Санхе, објавија државните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на гас.

Експлозијата се случила околу 8 часот по локално време кога многу луѓе оделе на работа, објави CCTV.

Како што се додава, експлозијата била „во стара станбена зона“, во областа Санхе.