Лајчак: Време е Западен Балкан да направи „брз напредок“ кон членството во ЕУ

 – Време е државите од Западен Балкан да направат „брз напредок“ кон членството во Европската Унија (ЕУ), рече специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, јавува Анадолу.

„Ургентноста за вклучување нови членки во Унијата, нагласена поради војната во Украина, не е дочекана со ентузијазам, туку со стагнација и назадување во регионот. Ова мора брзо да се промени бидејќи сега е времето за интеграција во ЕУ“, рече Лајчак на Форумот „To Be Secure“ во Црна Гора.

На синоќешниот панел посветен на иднината на Западен Балкан, Лајчак нагласи дека секоја од шесте земји од регионот се соочува со посебни предизвици.

Тој оствари средба и со мандатарот на црногорската Влада, Милојко Спајиќ.

„На Црна Гора ѝ е потребна стабилна проевропска владина коалиција која гарантира дека ќе го искористи моменталниот импулс за проширување“, рече претставникот на ЕУ.

Црна Гора досега не успеа да формира нова влада по предвремените општи избори одржани во земјата на 11 јуни.