Двајца српски политичари меѓу првите пристигнаа на слава кај Цеца: Едниот со сопругата, другиот со лично обезбедување (ФОТО)

Свети Никола денеска се празнува во домот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а на лице место известуваат српските медиуми.

На адресата на пејачката почнаа да пристигнуваат гости, а меѓу првите пристигнаа двајца познати српски политичари.

Прв пристигна претседателот на партијата Обединета Србија,  Драган Марковиќ, попознат како Палма придружуван од сопругата Снежана, а веднаш потоа и претседателот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, кој бил придружуван од членови на неговото лично обезбедување.

Познато е дека Цеца одржува долгогодишно пријателство со двајцата политичари, и дека се драги гости во нивните домови.

Дачиќ и Светлана Ражнатовиќ се од селото Житораѓе, а Ивица често се шегуваше дека се „школски другати“, иако е постар од фолк дивата.

Најмногу ги поврзува родното село Житораѓе, но и училишните денови. Во емисијата „Амиџи шоу“ политичарот откри дека Цеца му се лути кога вели дека се школски другари.

-До големината на Цеца тешко кој може да дојде. Сите големи пејачи, кои траат долго, имаат идол. Секој пејач има свој идол. Цеца е една и единствена. Нема копија – рече еднаш Палма за Цеса.

– Многу го сакам тоа семејство, над 30 години ги посетувам и ми доаѓаат. На семејството Ражнатовиќ и на сестра ми Цеца сакам да им честитам на успехот и дека следната година ќе имаат уште најмалку два члена во нивната куќа. На Вељко му посакуваме многу успех како еден од најдобрите идни боксери на Балканот. Вие што немате што да правите, шетајте во природа, покрај куќите и само така ќе го надминеме ова зло. Не смееме да паднеме во депресија, многу ве поздравувам од планината Ртањ – рече меѓу другото Палма.