ДВАЈЦА УАПСЕНИ ЗА СИЛУВАЊЕ КОЗА! Сопственикот на животното и човекот кој снимал УЖАСНИ СЦЕНИ се во полиција! Потрагата трае по уште двајца
Двајца мажи беа уапсени во Србија, во местото Мислоѓин за случај на зоофилија кога едниот од нив силувал коза додека другиот сето тоа го снимал.
Двајца мажи се приведени, односно сопственикот на козата и човекот кој го снимил целиот настан. Тие се приведени на распит во полициска станица и се чека одлуката на обвинителот.
Инаку, полицијата интензивно трага по уште двајца мажи, од кои едниот исто така го силувал несреќното животно, а другиот смирено го гледал сето тоа.
Професорката невропсихијатар д-р Славица Ѓукиќ-Дејановиќ за inofrmer.rs вели дека човекот кој ја силувал козата кај Обреновац мора да оди на психијатриски преглед.
Мора да се процени дали тоа го направил од задоволство или од некои други причини. Ако предметот на задоволување на сексуалниот нагон е несоодветен, тогаш обично зборуваме за зоофилија. Самиот метод на задоволување е перверзија, а овој објект е зоофилен. Мора да се види дали е тоа болест, сексуално растројство, единствениот параметар на чудноста на таа личност или има други параметри кои го карактеризираат и кои зборуваат за некаква психопатологија која може да се дијагностицира. Ако тоа е направено за задоволство, тогаш тоа е нарушување на сексуалниот нагон – објаснува проф.д-р Ѓукиќ Дејановиќ и додава:
Може да се работи и за бахатост, облог, но во секој случај моралните квалитети на таквиот човек треба да бидат под лупа на експерти и да се види што не е во ред со неговото однесување, неговиот емотивен живот, за да може да се оцени како нарушување на сексуалниот нагон. Ако некој е склон да има само животно како предмет на својата сексуалност, тогаш тоа е зоофилија и прашање е дали таа личност има сексуално задоволство кога на овој начин го задоволува својот сексуален нагон – вели соговорникот.
Таа посочува дека случајот можеби бил егзибиционистички, театрален, кај човек која има егзибиционистичка структура на личноста.
Или самиот чин е само еден од симптомите кои експертите ќе ги забележат во другите сфери на животот. Во секој случај, експертите треба детално да ја анализираат таквата личност, неговата структура на личноста, неговите карактеристики, неговото когнитивно и образовно ниво. Значи, сите тие компоненти, нејзиното емоционално ниво и емоционални нагони. Ако тој човек е незабележителен во се друго, па го направил тоа, тогаш тоа е зоофилија, а може да биде симптом и на други многу сериозни психијатриски болести – нагласува соговорникот на informer.rs.